Барање за надминување на проблемите со кои се соочуваат полициските службеници во РМ

Почитувани,

Независниот Синдикат на Полицијата сериозно изминатиот период ја разгледува можноста Министерството за Внатрешни Работи да активира дел од РЕЗЕРВНИОТ СОСТАВ НА ПОЛИЦИЈАТА за одредени полициски станици и организациони единици кои во нивниот состав веќе им е предвидена одредена бројка на припадници на резервниот состав на Полицијата. Овој предлог го доставувааме со цел и намера да се растерети редовниот состав на Полицијата од нивните секојдневни патувања од сите полициски станици на територијата на Република Македонија и вршат најразлични службени дејствија на територијата на Град Скопје а притоа се влијае на нормалното функционирање на матичните полициски станици.

Оваа прилика ја користиме да го запознаеме Министерството преку Вас медиумите и целата Македонска јавност дека неодамна една одредена група на полициски службеници земаа униформа каде Министерството се пофали дека им е поделена на сите припадници на таа категорија на Полицијата. Сакаме пред целата Македонска јавност да прашаме: „ Дали оваа јакничка тешка 300 грама е доволна за правилно извршување на работите на полициските службеници? Зар со оваа „ПРОЛЕТНА ЈАКНА“ полициските службеници можат да извршуваат службени задачи надвор на овие минусни температури и до минус 10 степени и да издржат? Овие услови се неподносливи за полициските службеници на терен без зимски јакни.

Бараме најитно да се набават соодветни јакни – зимски и поделат на колегите.

Доколку Министерството не им додели зимни јакни на полициските службеници тогаш воопшто истите немаат обврска и да носат униформа затоа што истата е надвор од сите стандарди и не е согласно правилата и прописите на Министерството.

И за крај ЈАВНО прашуваме:

Дали Министерството за Внатрешни Работи смета дека НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈАТА е закана и не сака со негов потпис да не стави на мапата легални РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ СИНДИКАТИ? Правдата е на наша страна. Легитимитет ни го даваат околу 3.000 членови кои секојдневно тропаат на нашата врата со едно барање : Штрајк до остварување на сите наши права“. Бараме Министерството да не вклучи во процесот за преговарање за НОВ Колективен договор затоа што НИКОГАШ повеќе нема да дозволиме да се потпише ШТЕТЕН Колективен договор за припадниците во Полицијата.

Од Министерството зависи дали паролата „Задоволна полиција- безбедни граѓани “ ќе се постигне или не.

ВИЕ СТЕ НА ПОТЕГ“

Само кренат глас ќе се слушне, само крената глава гледа сонце!