Во моментот кога како Претседател се обврзав дека ќе ја извршувам оваа должност транспарентно и со обврска нашиот работодавец веднаш да биде запознаван за сите проблеми со кои се соочуваат припадниците на МВР без разлика дали се или не наши членови Јас ветив дека оваа борба ќе биде водена со една цел и тоа зголемување на бројот на членови кои ќе ни ја дадат својата подршка и најклучното РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВАМЕ ВО ПРЕВЗЕМАЊЕТО НА СЛУЖБЕНИТЕ ДЕЈСТВИЈА.

НСП во овој период како што сите можете да видите ја користи секоја прилика на нашиот работодавец да му ја покаже реалната слика во какви услови работат припадниците на МВР.

Неодамна како претседател на НСП во присуство на дел од претседателството бев во посета на дел од Граничните Полициски Станици во Западна Македонија кои своите задачи ги вршат во рамките на РЦ за ГР Запад потикнат од таа посета како и од состаноците кои од моја страна а и од страна на Генералниот Секретар во изминатиот период беа одржани со вработените во овој РЦ и согласно виденото воедно согласно барањата упатени од припадниците на МВР кои работат во рамките на овие Полициски Станици денес пред РЦ за ГР Запад во Охрид беше одржан ПРЕС со цел запознавање на широката Македонска Јавност во какви услови работат припадниците на МВР.

Во прилог на ова видете ги сликите од објектот кој е дел од ПС за ГП и ГН Џепиште во кој дел од вработените наши колеги вршат гранични проверки.

Објект во кој нема струја, нема вода па така колегите своите хигиенски потреби се срамам да кажам ги вршат под отворено небо. Објект полн со глодари во кој прашање на време е кога некој ќе се пожали на тешка здравствена состојба.

Се сомневам дека само тука е таква состојбата и Ве ОХРАБРУВАМ сите ДОСТАВУВАЈТЕ БАРАЊА И ПОДНЕСОЦИ за слични или исти проблеми знаејќи и прибирајќи информации во изминатиот период на еден од состаноците со членовите на НСП бев информиран дека во рамките на ПС од ОН Неготино постои и т.н. од страна на колегите “Тенеќе Маало” во кое условите за работа не биле ништо поарни од овие прикажани во погорните слики.

Условите во кои работат сите овие колеги кои навистина вршат тешки задачи на еден во минатото најпроблематичен терен на границата со Р.Албанија се исклучително страшни и тешки за нив. На служба овие наши колеги патуваат со службени моторни возила и дневно губат по 5 часови од своето законски загарантирано слободно време, должноста во дел од полициските станици иако имаат по неколку нови возила ја вршат со возила со дефект на кои дури и вратите не им се отвараат, иако постои наредба од страна на директорот на БЈБ и во минатото од Министерот исклучиво за користење на новите возила само во службени цели за дел од полициските станици од инфо кое го добивам од полициските службеници постојат такви информации дека на истите им се даваат само старите возила додека новите Шкода Јети и Рекстон се користат само од Командирите ( наводи кои дополнително ќе бидат истражени од наша страна и доколку е така поднесени ќе бидат соодветни пријави за злоупотреба на службена должност).

И покрај ваквите услови колегите своите должности ги извршуваат на висината на задачата секојдневно соочувајќи се со проблеми од кои на било кого би му се кренала косата од главата.

На крајот од работното време уморени сами треба до својот дом до кој патуваат да управуваат како што реков понекогаш и неисправни возила недостојно за некого кој оваа држава ја чува од надворешни непријатели како и за некого кој секојдневно го ризикува својот живот да сопре илегални преминувања односно шверц на стоки.

Иронијата да биде поголема во рамките на овој РЦ колегите од Гостивар и Тетово немаат службен превоз од која причина никој не знае додека да биде трагедијата поголема од нивна страна и мене и на ГС ние укажано дека кога истите одат на испомош во ПТЦ Гевгелија односно РЦ за ГР Југ добиваат соодветен превоз како и надоместок ЗАМИСЛЕТЕ за прекувремени часови за поминат пат од нивните домови до Гевгелија и назад односно им се исплатувани по 5 часа во еден правец односно 10 часа во два правци за пат поминат до и од работното место.

За жал тоа е реалноста еден РЦ на едни колеги им ги пресметува и евидентира часовите минати во пат додека на оние кои секојдневно патуваат на релација од Кичево, Македонски Брод, Гостивар и Тетово до своите матични Полициски Станици воопшто и да не ги евидентира. Би ги запрашал раководните структури со народен жаргон како за едни може да бидат мајка а за други маќеа или како за едни важат едни правила а за други други правила.

Се надевам дека по денешниот прес а и по ова мое обраќање Министерството ќе има слух и веднаш ќе пристапи кон решавање на овие проблеми со цел овозможување на достојни услови за работа на припадниците на МВР земајќи во предвид дека надоаѓа летото и условите ќе се влошуваат дополнително.

Ние пак како Синдикат ветуваме дека ќе постапуваме по сите Ваши барања и дека се што е во наша можност ќе биде употребено до конечно исполнување на тие ваши барања нормално легално и правно до остварување на конечна победа.

За крај НСП како институција и Јас како нејзин претседател уште еднаш Ве охрабрувам сите вас кои имате било какви проблеми во работењето како од работен однос така и од овој тип слободно да се одважите и без страв напишете барање доставете го до вашиот Синдикален Претставник или доколку го немате и лично до мене и генералниот секретар доста беше потклекнување време е Полицаецот да го врати ДОСТОИНСТВОТО.

Вам колеги кои се уште размислувате дали го заслужуваме вашето внимание и дали сме ние оние вистински синдикални претставници кои ќе се изборат за Вашите права после сите овие добиени победи ве охрабруваме ПРИСТАПЕТЕНИ и помогнете да дојдеме до она што сите го посакуваме – Институција во која сите ќе бидат ценети и задоволни од својот работодавец, институција која ќе не почитува како нејзини претставници и најважно од се институција која е должна да го врати изгубеното во минатото а тоа е нашето ДОСТОИНСТВО.

СО ПОЧИТ ВАШ
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НСП
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ТОДЕВ