Делчев: Мора да се стави црта на се она што се случува години наназад

Четврти пат во контиуитет Независниот синдикат на полицијата е заедно со повелбата за сето она што се случува и се она што е во моментов актуелно, крешње на човековите права посебно на луѓето во униформа односно сите оние кои ја штитат и бранат Република Македонија, рече претеседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев.

Тој вели дека заедно со повелбата на целиот македонски народ ќе покажат и докажат дека од денеска можеби поинаку ќе се одвиваат работите односно на се она што се случувало со години наназад мора да се стави црта.

-Треба да се вратиме во 1991-ва година онака како што практично почнавме со градба на самостојна и независна Република Македонија, рече Тодев.