Ексклузивен договор за соработка на ГНСП со Туристичката агенција „ЕЛЕМ ТУРС“

Гранскиот независен синдикат на полицијата постигна ексклузивен договор со туристичката агенција „ЕЛЕМ ТУРС“ која ни ги понуди нивните капацитети:

  • Хотел „Славија“ – Попова Шапка
  • Хотел „Попова Шапка“ – Попова Шапка
  • Хотел „Молика“ – Пелистер
  • Авто камп „Ливадишта“
  • Апартмани „Свети Стефан“ – Охрид
  • „Планинска куќа„ – Маврови Анови
  • „Вила Тиквеш“ – Стар Дојран

и тоа со 15% за сите членови на ГНСП.

Туристичката агенција „ЕЛЕМ ТУРС“ има само една цел – да им овозможат на корисниците ултимативно искуство и уживање во текот на целата година. Водени од таа мисија, капацитетите со кои располааат и кои ги нудат, се едни од најпосакуваните и најпосетените дестинации во Македонија, во секоја сезона.

Удобноста, гостопримството и услужливоста, како и стратешката локација, гарантираат незаборавно искуство и добро потрошени денови.

Бидејќи преференциите за авантура, уживање или едноставно релаксација се различни, тие нудат различни дестинации и услуги кои ќе го задоволат вкусот на секого. Тие гарантираат врвна услуга, топло добредојде, лојални домаќини и прекрасна атмосфера.

Сите понуди што ни ги нуди агенцијата можете да ги погледнете на нивната официјална интернет страна – elemturs.mk