Како со незаконски и непрофесионален однос кон вработените и синдикалните претставници на НСП во МВР се стремиме да одиме на пат кон ЕУ

НСП како РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН СИНДИКАТ поради одбивање на наклонетост и слепа послушност ,се соочува со невиден жесток напад од страна на актуелното раководство во МВР, министерство кое наместо да сопре со незаконското постапување, прогонот и пресметките насочени кон Синдикалните претставници и членови на НСП, преку Високи функционери и раководители се ОДМАЗДУВА , на Претставниците на НСП , Поради Синдикални активности кои ним им “пречат” а се насочени кон заштита и подобрување на работните права.

Повторно по незнаеме кој пат го прашуваме Министерот Оливер Спасовски, дали му ги доставуваат писмените известувања за пријавени нерегуларности, незаконски постапки и пријави за вознемирувања на работното место таканаречени (МОБИНГ) особено за тортурите кои се вршат над Синдикалните претставници и членови на НСП?

Дали сте запознаени со целосната состојба и дали знаете што потпишувате кога ви се доставуваат предлози, Решенија и Одлуки кои се однесуваат за Синдикални претставници и членови на НСП?

Кој ќе ја превземе одговорноста за нанесените штети од незаконското работење и постапување кое се спроведува во моментот во МВР???.

Прашуваме ЗОШТО Претседателот на СО НСП СВР Струмица , Ацо Балтовски , заради синдикални активности стана мета и ЦЕЛ на Високи функционери кои прават се за да го УНИШТАТ и кој им го Дозволува тоа ?

КОЈ ги потикнува и охрабрува Раководителите да ги користат Службените положби за ПРЕСМЕТКИ со Балтовски преку покренување на повеќе неосновани иницијативи за Дисциплински постапки со кои се обидувате да го замолчите?

Дали грешите Господо поради пропусти или НАМЕРНО и Дали некој од Правната служба во МВР Ве посоветувал и ви укажал за ОДГОВОРНОСТА што допрво ќе ја побараме поради настанатите последици од нанесените штети особено ЗА веке докажанато залудно обидување со фингирање и конструирање на наводни сторени повреди за дисциплинаска одговорност, а кои скоро за секоја покрената кон нашиот споменат Синдикален претставник е докажана како невистина и како незаконска е поништена од СУД!!! Постојат Цврсти и непобити докази РЕШЕНИЈА со кои се отфрлаат и поништуваат изнесените наводи како неточни и невистинити.

Ве потсетуваме дека изнесените Факти ќе ви ги потврдуваме и докажуваме и понатаму Јавно , НО дали вие дали ќе продолжите да ја проследувате таа една иста Изјава после секое наше обраќање кон Вас па повторно најостро ќе демантирате и тврдите “Работиме според законските прописи и Подзаконски Акти”. Дали е тоа вистина или пак Лажна Вест нека процени јавноста.

Прашуваме кој ќе ја сноси ОДГОВОРНОСТА за исплата на ТРОШОЦИ од Буџетот на Државата поради предизвиканите судски постапки ??? Ќе има ли превземање на мерки против Раководители поради Несовесно постапување во Службата или пак и понатаму ќе има МОЛК поради вмешаност на високи Функционери во МВР ,и дали само заради нивниот статус и политичка приврзаност постојано ќе се АМНЕСТИРААТ од ОДГОВОРНОСТ !!!.

Господине Министер се повикуваме на Вашата Изјава и заложба за “ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО”, па Ве ПРАШУВАМЕ зошто правилата и прописите неважат и за Вашето Министерството како Работодавач?

Зошто од почетокот на Вашиот мандат Господине Министер НЕ САКАТЕ да ги почитувате Законските и подзаконските одредби. РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ СИНДИКАТ НСП го Дискриминирате во процесите а имате законска обврска да го вклучите ! Дали според Вас ова е ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО!!!

Зошто се плашите од НСП?

Министре, и јавно веќе сте запознаени за се што “СЕ” случува во МВР. ЌЕ се одважите ли барем еднаш да ни Одговорите дали навистина НЕКОЈ ве ЛАЖЕ ВАС или пак и понатаму тивко ќе МОЛЧИТЕ за да не уверите дека всушност Вие не ЛАЖЕТЕ НАС!!!.

САМО КРЕНАТ ГЛАС ЌЕ СЕ СЛУШНЕ, САМО КРЕНАТА ГЛАВА ГЛЕДА СОНЦЕ