Крводарителска акција на НСП

На ден 17.10.2020г. во ГОБ 8ми Септември – Скопје во соработка со здружението ,,Крводарител“  Независниот Синдикат на Полицијата организира крвидарителска акција со цел зголемување на резервите на крвни единици кои поради пандемијата се значително намалени. Донаторите кои прележале Ковид се особено значајни поради антителата во крвната плазма.

НСП ги повикува сите членови активно да земат учество во дарувањето крв и како Синдикат да им помогнеме на најзасегнатите во овие тешки времиња на пандемија.