Најжесток напад во синдикалното движење на НСП

Почитувани,

Министерството за Внатрешни Работи а и пред Министерот Оливер Спасовски повторно ќе повториме дека како Синдикат уште од првиот ден на доаѓање на оваа власт извесен период покажавме високо ниво на толеранција и почит како професионалци кон актуелното раководство, сметајќи дека лекциите за примерно и законито однесување се научени и дека навистина ќе се почуствуваат „Промените кои беа најавувани“.

На почетокот сметавме поинаку, но од денешна гледна точка се повеќе сме свесни дека целта на „НЕКОГО“ е растурање или целосно контролирање на Синдикатот во Министерството за внатрешни работи.

За ова повеќе пати апелиравме но и покрај се, сеуште се водат неосновани постапки против нашите претставници во НСП со притисоци од страна на највисоките структури во МВР кои и понатаму продолжуваат!!! Дури имаме и сознанија дека дел од нашето раководство заради синдикални активности а поради желби на “одредени структури” се соочуваат со закани за идно суспендирање а и со најлошото- откажување на договорот за работа односно отказ. Не смееме а да не спомнеме дека ПРИТИСОЦИТЕ за отчленување на наши членови и понатаму не запираат туку напротив секојдневно се зголемуваат.

Замислете поради синдикални активности за цел подобрување на работните права на вработените дел од синдикалните претставници се соочуваат сеуште со невиден МОБИНГ!!!

Жално но вистинито, сеуште никако да сопрат притисоците врз Независното Синдикално полициско движење во МАКЕДОНИЈА , и покрај нашата толеранција која не вроди со плод, замислете наместо да запрат притисоците и НЕЗАКОНСКИТЕ ПРЕРАСПОРЕДУВАЊА кон вработени и наши претставници се демонстрира уште повеќе сила – ЗОШТО?


МИНИСТРЕ, Генералниот секретар на НСП кој претходно како што сте известени писмено неколку пати се соочуваше со невиден притисок од највисоките структури како негови претпоставени, од пред неколку дена спротивно на сите правила и прописи во МВР е разрешен од позицијата Командир на ПС ОН Велес. Бараме на јавноста да и одговорите поради кои причини и која постапка истиот е разрешен од позицијата Командир? Тука не запира се, замислете под притисок и наредба на началник во СВР Велес истиот решението за разрешување го примил додека истиот е на годишен одмор. Да и одговорите на јавноста „Зошто истиот е распореден на работно место спротивно на одредбите од Колективниот договор на МВР?

Господине Министер на Македонската јавност да и одговорите зошто најголем дел од претседателите на синдикални подружници и синдикални организации ги разменувате незаконски од нивните работни места? Зошто спротивно на сите прописи ги прераспоредивте претседателите на СВР Струмица, РЦ Запад, ОБПС, ПС ОН Карпош, ПС ОН Чаир, ПС ОН Аеродром, Управни служби Скопје, СВР Куманово како и извршивте притисок преку ваши структури неколку претседатели да си дадат оставки не по своја волја. Зошто?

Министре барем еднаш одговорете на прашањето: “Има ли правна служба во МВР и за што зема плата? Кој ќе ја сноси одговорноста за ваквото незаконско прераспоредување? Зошто е постапено спротивно на одредбите од член 198 од Законот за работни односи? Кој ќе ја плати штетата господине Министер?”


Дали знаете дека незаконскиот “напад” врз Генералниот секретар на НСП е директен напад и атак на НСП. Толку ли ви смета НСП – единствениот Синдикат кој се бори за подобрување на правата на вработените. Ние за разлика од други не се шетаме постојано со Вас. Затоа ли не чиниме? Затоа што во лице ви ја кажуваме вистината дека во МВР не тече мед и млеко онака како што сакате вие да прикажете пред јавноста? Состојбата е далеку од таа што Вие ја прикажувате може и самиот веќе знаете, убедени сме во тоа.

Ајде по стоти пад повторно да ве прашаме “Зошто од Барањата на НСП ЗА РЕПРЕЗЕНТАТИВНОСТ Министерството се оградува тивко молчејќи во секое негово обраќање ???”

Дали може да ни кажете врз основа на што МПС според ВАС како што велите „постојано“ е единствен репрезентативен Синдикат а ние НЕ!!! По кој закон ќе одговорите ли еднаш на јавноста, поради кое издадено решение за репрезентативност? Конечно ќе го покажете ли да го видиме ние и јавноста? Ама такво решение не постои нели….. Врз основа на кој критериум членови од другиот Синдикат членуваат во работни групи формирани и од МВР и Владата а НСП како репрезентативен Синдикат согласно закон не? Дали затоа што по секоја цена посакувате а веќе имате синдикат којшто не се залага за подобрување на работничките права! Изгледа сакате Синдикат кој ќе биде близок до власта, поради свои лични интереси а не кон работниците. Едно заборавате а тоа е се додека имаме поданички однос кон работодавецот, додека синдикалните лидери не се наметнат како вистински социјални партнери и додека членството го толерира таквото нивно однесување и не реагира да ги промени, ќе имаме вакво организирање на синдикатите.

Кога ќе почнете да ја спроведувате паролата “Владеење на правото” господине Министер? Па нели тоа е Ваша парола? Како со непочитување на правото се стремите да одите во Европа?

Едно да запомнете: “Полицијата е образот на една држава, за да се врати Достоинството, МВР треба да отпочне процес во кој полициските службеници кои професионално си ја вршат задачата ќе бидат третирани како професионалци, време е политичките влијанија во МВР да сопрат, време е секој во МВР да си го пронајде своето место, таму каде што заслужува”.

Ништо нема да не поколеба во намерата современата борба да ја водиме достоинствено и во истата ќе ги употребиме сите механизми да го зачуваме ДОСТОИНСТВОТО ВО ПОЛИЦИЈАТА.
Неселективно продолжуваме во заштита и унапредување на човековите слободи и работни права гордо и исправено без дамки и чесно онака како што почнавме и на почетокот.

Почитувани вработени, членови на НСП, нека не Ве плаши фактот дека се соочуваме и бориме со најтежок облик на делување на структури кои освен да го уништат синдикалното движење друго ништо и да не работат. Ние сме решени по секоја цена и не се предаваме, борбата за подобри права продолжува.

“Само кренат глас ќе се слушне, само крената глава гледа сонце”