Независниот синдикат на полицијата бара од министерот за внатрешни работи да одговори дали во акцијата „Којот“ спроведена во јули оваа година во која беа лишени од слобода пет полициски службеници од СВР Велес, се преземени мерки согласно Законот за кривична постапка и Кривичниот законик.

Во соопштението кое е испратено лично до Министерот за внатрешни работи и јавноста, се наведува дека според информациите добиени од полициските службеници опфатени во акцијата, инаку членови на Синдикатот, тие не биле изн есени пред судија во претходна постапка и оти сериозно е нарушен нивниот интегритет, чест и достоинство.
Затоа НСП прашува дали доколку се покаже дека ова е точно, дали министерот за внатрешни работи ќе побара одговорност од раководителот од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.


Независниот синдикат на полицијата цврсто застанува позади сузбивање на секаков организиран и сериозен криминал и ја поздравува секоја активност на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи само доколку постапува согласно Уставот, законите и подзаконските акти на Република Македонија.
Во прилог го доставуваме писмото на увид за членовите на НСП и вработените на МВР на РМ. Со почит!