Независниот синдикат на полицијата во посета на повредениот полицаец во Кумановската болница

Денес членови од Независниот синдикат заедно со Претседателот Гоце Делчев Тодев беа во посета на нашиот колега во Кумановската болница каде му посакаа побрзо закрепнување и враќање на работа.

Претседателот се обрати и до медиумите при што најостро го осуди синоќешниот напад на нашиот колега на протестот на граничниот премин Табановце кој професионално ја извршуваше својата службена должност.

Повика на смиреност и почит кон полициските службеници, кои се на должност и постапуваат така како што налага Законот.