Независниот Синдикат на Полицијата повторно бара повисоки плати,надоместоци и осигурување. Овојпат побара подршка од Претседателот на РМ

Се обидоа со сите форми, но никој не ги слуша. Отидоа и до претседателот на државата, но и оттаму – молк. Полициските синдикалци побараа од шефот на државата да не ги игнорира.

Претседателот на државата пред 2 дена  престојуваше во посета на граничниот премин во Гевгелија.

Претседателот на синдикатот Гоце Делчев Тодев сам отиде пред резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов за да побара поддршка. Тој побара во име на сите безбедносни сили, државата да се погрижи повеќе за нив и објасни зошто е неопходно да се слушне гласот на полицајците.

Полицискиот синдикат побара колективното здравствено осигурување да биде функционално, да им бидат покачени платите на полицајците и да им бидат надоместени хонорарите. Гоце Делчев Тодев вели дека се испратени десетина барања до државните институции за да ги потсетат за незавршените обврски кон полицајците.

Десетина полицајци беа повредени оваа година на протестите кои ги организираше  Шарената Револуција. Иако претседателот на полицискиот синдикат денеска беше пред резиденцијата на шефот на државата, сепак од Резиденцијата на Иванов- молк. ТВ 21 доби делумен одговор од Министерството за внатрешни работи. Од ова Министерство велат дека барањата за здравствено осигурување на полицајците, ќе се регулираат со колективниот договор кои се очекува да бидат усвоени со ребалансот на буџетот. (преземено од tv21.mk)