Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична пријава против началникот на СВР Струмица

Независниот синдикат на полицијата на ден 07.07.2016 година до Основното Јавно обвинителство во Струмица, поднесе кривична пријава против началникот на СВР Струмица поради опструкции во работењето на синдикатот спротивни на Законот за работни односи.
На прес конференцијата пред ОЈО, претседателот Гоце Делчев Тодев го обвини првиот човек на Секторот за внатрешни работи  Струмица  дека намерно не дозволува одржување на состанок на Синдикатот, а членови обвинуваат дека биле избркани од просториите на СВР Струмица. Гоце Делчев Тодев најави дека ќе се поднесуваат кривични пријави против сите вработени во МВР, без разлика на хиерархиска поставеност, доколку не биде овозможена работата на Синдикатот, согласно Законот за работни односи.