Во врска со храната која Министерството започна да ја дели за работниците кои работат ноќе, поднесовме барање за вонреден инспекциски надзор до Агенцијата за храна и ветеринарство, како и до Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Сметаме дека ваквиот начин на дистрибуција, чување и поделба на храна е крајно нехуман и не безбеден за здравјето на работниците и има единствено за цел да се спречат тужбите кои секојдневно пристигнуваат до Министерството по овој основ.

Сите колеги кои се сомневаат во безбедноста и исправноста на храната имаат целосно право истата да не ја подигнат, а ние како Синдикат ќе направиме се што е во наша надлежност за брзо решавање на овој наметнат проблем