Независниот синдикат на полицијата склучи договор за соработка со А1 Македонија, оператор за мобилни услуги после состанокот на 23.11.2021 год. го договори следното:

– Oд 24.11.2021 год. од причина што е огромен интересот за продолжување или склучување на нови договори, членовите на НСП истите ќе ги склучуваат во салоните на А1 низ Републиката.

Членот мора да го потврди членството со:

– Писмена потврда за членување во НСП издадено од Претседателот на СП или СО оригинална потврда со потпис, архивски број и печат од Претседателот на СП или СО фотокопија на пластичната членска легитимација или електронски евидентирано членство во Независниот Синдикат на полицијата.

Потврдата за членување во НСП, потребно е да се испрати по вибер кај Генералниот Секретар на НСП: Горан Јарчевски / 078 354 935 или да му се достави преку електронска комуникација на меил.