Почитувани колеги, членови на Независниот Синдикат на Полицијата,

На крајот сме на 2018 година. Во годината што измина секој од нас доживеал бројни убави но и помалку убави моменти да не речам лоши.

Посакувам убавите да ги помниме, а помалку убавите да посакаме да не ни се повторат во наредната 2019 година.

Ви се заблагодарувам за Вашиот придонес за развој на НСП, за сите пофалби и критики
Тие се мотивот кој ни дава сила за поголеми заеднички успеси во новата 2019.

Новата година значи многу нови предизвици, многу работа. Она што остана недовршено во изминатата треба да го сработиме во оваа.

Оваа прилика НСП ќе ја искористи да потсети дека Полицијата била и ќе остане темел на безбедноста почнувајќи од поединецот, семејството а се разбира и безбедноста на државата. Во таа смисла го изразуваме нашето цврсто убедување дека, најсигурна инвестиција за безбедност е враќањето на ДОСТОИНСТВОТО на Полицискиот службеник. Со такво убедување НСП во годината која измина беше секојдневно на линија на фронтот со надлежните во нашата држава, правејќи максимални напори за подигнување на статусот на Полицискиот службеник по сите основи, а од синдикален аспект посебно на статусот на вработените на оваа исклучително важна област за секое општество.

Во Новата година влегуваме со верба и надеж дека и понатаму трудољубиво и посветено ќе работиме за добробит на сите колеги и дека заедно со Вас ќе создадеме услови за поголема благосостојба и поуспешна 2019 година, на сите оние кои продолжуваат да не кочат и опструираат ќе им порачаме да ги тргнат своите раце од Синдикатот и да почнат да работат во корист на Граѓаните доста ни е од бајки дека во Септември ќе дојде “живот” за Полицискиот Службеник ние припадниците бараме животот во Полицијата да дојде веднаш и неодложно а ако не биде така господо спремете се за уште.

Колеги, членови нека претстојните празници Ви бидат исполнети со мир, топлина и радост а потоа спремете се за вистинска синдикална борба бидејќи НСП е решен да истрае и своите идеали и цели да ги оствари.

Драги членови, колеги
Ви посакуваме , многу здравје, среќа, бериќет и успех во Новата 2019 година.
Да сме здрави и живи.

Претседател на НСП
Гоце Делчев Тодев