НСП на 18 септември ќе го одржи второто вонредно собрание

Независниот Синдикат на Полицијата на 18 септември 2016 со почеток во 10 часот ќе го одржи Второто Вонредно Собрание.

Настанот ќе се одбележи во градот Велес , хотел Гарденија

 

Независниот Синдикат на Полиција на 18 ти овој месец во Велес ќе го одржи второто вонредно собрание на кое ќе бидат поделени и брошури од активностите.За потсетување првото вонредно собрание НСП го одржа во Скопје на 27.05.2016 година во хотелот Континентал.

Додека пак почеточите се следни – на 15 јануар 2007 година десет полициски службеници незадоволни од Синдикатот и неговото неработење а свесни дека постојано се промовира како успешен а неправи ништо за вработените во полицијата, покренуваат иницијатива за да се формира Независен Синдикат кој би се борел за нивните права односно за правата за сите вработени во полицијата. Во рок од 2-3 дена било свикано собрание основачко на кое се потпишале потребните акти и записникот за Основачко собрание, сето ова се доставило до Министерството за труд и социјална политика..Изборот за синдикат на повисоко национално ниво беше тоа да биде КСОМ чии услови до ден денеска останаа непроменети.Во ова спаѓа Независност во работата и синдикалното движење на Независниот Синдикат на Полицијата.Првото име на регистрација на овој синдикат беше Независен Полициски Синдикат на Македонија со назначен претседател Гоце Делчев Тодев.За само една година овој Независен синдикат привлекува над 1000 членови.
Голем број поднесени тужби беа добивани од страна на судовите низ Македонија, велат од НСП.

Независниот синдикат настапува и низ медиумите одржувајќи бројни прес конференции, ТВ емисии на националните и локалните телевизии при што постојано ја истакнува вистинската состојба за да можат полицајците да ја докажат вистината а тоа го постигнуваат преку третата , односно судската власт.- потенцираат од НСП
Ноември 2015 се прошируваат раководства и тоа на Кумановскиот регион, Тетовскиот и Скопскиот при што се изготвува документација за три Синдикални организации обединети во Грански Независен Синдикат на Полицијата..

На 11.05.2016 започнуваат да функционираат осум нови Синдикални Организации во рамките на НСП.

По одржувањето на првото вонредно собрание на 27 .05.2016, на 18 септември 2016 година во Велес е најавено второто вонредно собрание на кое како што појаснија од НСП ќе бидат поделени брошури со извештај за сите превземени активности во целиот изминат период. На ова вонредно собрание ќе биде појаснето пред присутните Организационата Синдикална поставеност и претставување на досега оформените Синдикални подружници кои се регистрирани во Централниот Регистар на РМ.

Дел од барањата на НСП беа – Одговори од Министерот за внатрешни работи за акцијата Којот,

Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична пријава против началникот на СВР Струмица.

Зошто и од кои причини не се земаат „дневници за терен“ односно службено патување? Посебно за вработените во ЕСЗ, ЕБР, ПЕП и останати колеги кои постојано одат на службено патување.
НСП останува на ставот дека мора да се исправи оваа неправда што им е направена на колегите и ќе се бори за тоа.

Известување за неисплатен надоместок за годишен одмор (регрес) на работниците на МВР и Барање за итно исплаќање на надоместокот што им следува согласно Колективниот договор

Известување за проблемите кои ги имаат припадниците од Одделот за специјални полициски операции и Барање за итно решавање на нивните проблеми, и слично.

Од НСП најавуваат дека по одржувањето на второто вондредно собрание во Велес, планираат во втората половина на декември да го одржат редовното годишно собрание