НСП постигна РЕПРЕЗЕНТАТИВНОСТ

Почитувани членови, колеги припадници на Министерството за Внатрешни Работи,

Денес 05.06.2018 година по одржаната седница на Комисијата за утврдување на репрезентативност при Министерството за Труд и Социјална Политика официјализирана е позицијата која Независниот Синдикат на Полицијата долготрајно ја очекуваше.

 

Со големо задоволство Ве известуваме дека од денес официјално започнува одбраната и борбата за ПОЛИЦИСКОТО ДОСТОИНСТВО.

Според насоките дадени од Комисијата на МТСП од денес НСП и официјално е РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН Синдикат во рамките на Министерството за Внатрешни Работи.

За да стане појасно на вработените, согласно одредбите од членот 212 став 5 од Законот за Работни Односи: „Репрезентативен синдикат на ниво на работодавач е синдикат во кој се зачленети најмалку 20% од бројот на вработени кај работодавачот и кој плаќаат членарина“.
Од овој момент па натаму НСП станува рамноправен во сите одредби од постоечкиот Колективен договор на МВР на РМ како и со своја работна група во иднина ќе учествува во изготвувањето на новиот Колективен Договор што претстои во иднина.

Како што во неколку наврати напоменавме, решени сме да не одстапиме и дека императив ние постојаната борба за враќање на достоинството и во тоа денес 05.06.2018 година делумно успеавме. Денес идеологијата концепирана на темелот „Вистина“ веќе се исправува како нов предизвик пред НСП. Врз основа на концептот вистина и идеологијата со која ја водевме борбата во минатото а веруваме дека и ќе ја водиме борбата во иднината, борба која ќе ја врати убавината на полициското живеење.

Почитувани колеги од денес отпочнува перманентна борба која ќе значи негација на лагата, репресијата, деградацијата, невидливоста која во минатото ни беше наметната.
Едноставно, денес започнува нашата идна револуција која ќе биде водена со цел негација на се што ни се случуваше како службеници во изминатите 27 години, негација на сегашноста и артикулација на борбата за ДОСТОИНСТВО.

Ова е моментот драги членови, колеги, колешки, припадници на Министерството за Внатрешни Работи кога само ги потврдуваме постигнатите резултати кои ќе бидат поттик за уште поголеми успеси за остварување на нови дела и вредности по моментот кој може да го официјализираме од денес.

Од денес гордо може да кажеме дека Во Министерството за Внатрешни Работи постои НОВ Репрезентативен Синдикат на Полицијата а тоа е драги колеги и членови Независниот Синдикат на Полицијата.

Време е за обединетост, сплотеност во интерес на нашата професија време е да покажеме дека секој вработен има свој живот, своја чест, своја гордост, свое достоинство.

Со Почит!

ВРАЌАЊЕ НА ДОСТОИНСТВОТО ВО ПОЛИЦИЈАТА