НСП со жестока реакција за притисоците кон нашите членови

Не престануваат жестоките притисоци кон членовите на НСП.

На ден 05.12.2019 година одржана е прес конференција на која од страна на Претседателот на КСОМ Марјан Ристевски и Претседателот на НСП Гоце Делчев Тодев е побарано од Министерот за Внатрешни работи да ги провери некоректните обвинувања кон нашите членови и да ги преиспита одлуките со кои на полициските службеници многу лесно и ноншалантно им се одзема службеното оружје. Доколку за брзо време не се исправат грешките направени од страна на некои раководители кон наши членови само затоа што се членови на НСП тогаш ќе бидеме приморани правдата да ја побараме на суд.