Огромна подршка од НСП на Словенските Полициските Синдикати кои утрово отпочнаа ШТРАЈК

Независниот Полициски Синдикат изразува силна подршка на Словенските Полициските Синдикати имено Утрово во 7,00 часот Словенските Полициски Синдикати кажаа НЕ на лошите политики и отпочнаа Штрајк на полицијата и претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи на Словенија.

Полициските службеници се приклучија на масовен штрајк и поради таквата широка поддршка истите се решени и нема да дозволат кршење на единство и малтретирање од страна на политичките елити!

Штрајкот продолжува се до исполнувањето на барањата на штрајкувачите!

Сите до еден во борбата за Достоинството на институцијата полицаец!