Одржано првото редовно Годишно Собрание

На ден 17.12.2016 година во хотел „Континентал“- Скопје, Независниот Синдикат на Полицијата го одржа првото редовно годишно Собрание а со цел редовно функционирање на работата на Независниот синдикат со сите Синдикални Организации кои се формирани. На Собранието присуствуваа претседатели на Синдикални организации  регистрирани во Централниот регистар на РМ, Синдикални претставници, Синдикални советници и останати членови на НСП кои се во Комисиите и членови во извршните одбори на СО како и  Адвокати со кои НСП има соработка.

 

Од страна на претседателот на НСП  беа претставувани досега оформените Синдикални Организации кои се регистрирани во Централниот Регистар на РМ, појаснување за неоформените СО- Образлагање за потребата за понатамошно формирање на останати СО во рамките на МВР со прецизирање на ОЕ каде што е потребно регистрирање на СО, Доставување на Решенија за СО, Деловодни книги и печати за новоформирани СО.

Исто така беше изгласан и донесен Статутот со измени и дополни на Статутот од 27.05.2016 на предлог на Претседавачот на Статутарната Комисија на НСП. Беа потврдени одлуките кои се предложувани и подготвени до 16.12.2016 год., како и презентирање на Годишниот извештај за 2016 година и предлог програмата за работа на Гранскиот НСП за 2017 год. По завршувањето на Собранието се одржа и пригоден коктел за членовите и поканетите гости.