Одржано 3-то вонредно собрание на НСП

На ден 09.07.2017 год. во Охрид одржано е третото вонредно собрание на Независниот Синдикат на Полицијата.

На собранието присуствуваа преку 100 претставници на СО и СП а како гости и од денес наши партнери присуствуваа колегите од НПСС – Р.Србија. Претседателите на двата синдиката, Гоце Делчев Тодев и Милош Јеленковиќ потпишаа официјална повелба за меѓусебна соработка и се доделени благодарници.

Со повелбата помеѓу другото е предвидено нашите членови при транзит или престој во Р. Србија да ги користат истите бенифиции кои ги имаат членовите на НПСС а истото важи и за членовите на НПСС при транзит и престој во Македонија, а претсавниците на двата синдиката им се на располагање на сите во било кое време.

Официјален заклучок на раководствата на двата синдиката од средбата е дека положбата на полициските службеници во двете земји е иста и само преку легитимна и истрајна борба тоа може да се промени.

На вонредното собрание официјално е избран Генерален секретар на НСП, Орце Коцевски.