Одржано 4 вонредно Собрание на НСП

На 07.07.2018 г. во Тетово се одржа 4 вонредно Собрание на НСП на кое главна тема беше  надминување на проблемите на вработените во полицијата, подобри услови и безбедност како и да им се укаже на членството и на другите припадници на Полицијата, дека Независниот Синдикат е втор репрезентативен Синдикат на вработените во Полицијата откако го надминал законскиот минимум од најмалку 20 отсто од вработените да бидат негови членови.

„Наша цел е надминување на сите превирања и проблеми на вработените во Полицијата на целата територија на државата согласно законските прописи. Бараме нивно почитување за средствата што се определени за вработените да остануваат во Полицијата наспроти досегашната практика на дел од вработените и раководителите во МВР што ја злоупотребуваат нивната позиција и работат спротивно на ваквите насоки од нашиот Синдикат. За сите вакви случаи ние имаме тим од 21 адвокат за одбрана на правата на вработените во МВР, но не сакаме да има тужби поради непочитување на законите“, рече Претседателот Гоце Делчев Тодев пред присутните.

Исто така ќе бидеме насочени кон активности со кои ќе се обидеме полициските службеници да имаат подобри права и услови за работа, што би значело и подобра безбедност за граѓаните.

Покрај другите одлуки на Собранието, едногласно, избран е Портпарол на НСП, колегата Дејан Саздов на кого му посакуваме успешна работа.

На денешното вонредно Собрание, иако беше поканет Министерот Оливер Спасовски, сепак, тој не се појави.