Денес во Тирана од страна на Помошник Генералниот Секретар Али Гази е остварена средба со Претседателот Sadetin Fishta и организациониот секретар Luan Dervishi од Синдикатот на Албанската Полиција. На средбата е дискутирано за начинот на приклучување на Синдикатот на Албанската Полиција кон Балканската Полициска Унија за кое е изразено волја за приклучување од албанската страна. Преговорите ќе продолжат и со останатите регионални синдикати се со цел создавање на силна полициска унија која ќе донесе големи придобивки за членовите.