Победа на НСШП: Министерството за Шумарство ќе го зголеми буџетот за шумските полицајци

По силната борба изразена со многу активности и протестот одржан на 04.11.2017 година на НСШП со огромна подршка од НСП конечно издвојувана голема победа.

 

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата денеска ја разгледа информацијата за заштита и унапредување на работничките права преку колективен договор на вработените во шумската полиција. Владата го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рамките на своите буџетски можности да пренамени средства од својот буџет и да обезбеди средства за обврските согласно содржината на информацијата бидејќи припадниците на шумската полиција припаѓаат во групата на овластени службеници.

ВРАЌАЊЕ НА ДОСТОИНСТВОТО НА ПОЛИЦИЈАТА