Подршка за НСП од Европскиот Синдикат на Полицијата во Словенија (СПС) и КРИТИКА до МВР за непочитување на владеење на правото

Подршка за Независниот Синдикат на Полицијата од страна на Европскиот Синдикат на Полицијата во Словенија (СПС ) и критика насочена према МВР и Владата на РСМ за непочитување на владеење на правото

Синдикатот на полицијата на Словенија откако ја согледа ситуацијата во која се наоѓаат нашите колеги, припадници на Независниот Синдикат на Полицијата во Македонија, земја која претендира да добие датум за преговори со Европската Унија, донесе одлука да упати јасна и недвосмислена Порака и КРИТИКА до тамошното Министерство за внатрешни работи како и до Владата на Република Северна Македонија. 

Како Европски Синдикат за целата ситуација ќе ги запознаеме највисоките инстанци на Европската Унија околу прашањето како тоа земја која има високи аспирации веќе една година на вработените во Министерството за внатрешни работи кои се членови во НСП не им се признава РЕПРЕЗЕНТАТИВНОСТ, право стекнато со Закон повеќе од една година како и одговор на прашањето зошто поради синдикални активности за цел подобрување на работните права на вработените, претставниците на НСП се соочуваат со невиден МОБИНГ!!!
Нашите информации говорат дека во овој момент отпочнати се незаконити распоредувања со кој се цели да се внесе страв преку безмилосен напад на професионалниот интегритет и упад во синдикалното работење на синдикалните претставници.

Жално но вистинито е тоа што се случува во земја која претендира да биде членка на Европската Унија, притисоците врз Независното Синдикално полициско движење во МАКЕДОНИЈА , кон вработени и претставниците на НСП секојдневно се демонстрираат со уште повеќе сила.

Свесни за сите недоследности околу кршењето на работничките права почнувајќи од највисоките структури во Министерството, „ГЛАСОТ ЗА ВАКВОТО ОДНЕСУВАЊЕ ЌЕ ДОПРЕ ДО СИТЕ НАДЛЕЖНИ ИНСТИТУЦИИ НА ЕУ А НИЕ КАКО ЕВРОПСКИ СИНДИКАТ СО СИТЕ НАШИ СИЛИ ЌЕ ПОМОГНЕМЕ ДА ГО ДОКАЖЕМЕ НЕЗАКОНСКОТО ПОСТАПУВАЊЕ.

  

Писмото е пратено до:
-info@vlada.gov.mk – Премиер на РСМ Зоран Заев
-kontakt@moi.gov.mk -Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски
-delegation-north-macedonia@eeas.europa.eu – Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија, Samuel Žbogar

Ви благодариме на подршката драги колеги

“Само кренат глас ќе се слушне, само крената глава гледа сонце”