Подршка на НСП на протестот на Бугарските синдикати на Затворска Полиција

Претседателот на НСП, г-дин Гоце Делчев денес присуствуваше  во Р.Бугарија  и на  Бугарската Затворска Полиција и даде искрена и силна подршка во остварувањето на нивните права и борбата за подобри стандарди на полициските службеници.

 

„Вие сте столб на одбраната на Р.Бугарија, ги штитите граѓаните и со овој протест праќате порака  да се пробуди свеста кај надлежните институции за положбата на Полицијата. Ова е еден пример кој треба да го следи Р.Македонија и на секоја ваша покана во име на сите Независни Синдикати ќе одговорам со мое пристуство“, рече Делчев.

Имено, преку неколку минутниот говор Претседателот Делчев го отвори прашањето за проблемот со ниските примања на Полицајците кој постои и кај нас.