Независниот синдикат на полицијата, како синдикат кој се бори за почитување и унапредување на работничките права, незадоволни од игнорантскиот однос кон вработените во МВР и невоедначувањето на платата со законот за минимална плата организираме комбиниран мото-пешачки предупредувачки протест.
 
За таа цел ве повикуваме да дадете поддршка на протестот, заеднички да го искажеме незадоволството од ваквиот однос кон нас, сите заедно да застанеме во одбраната на нашите права и социјално економски статус.