Прес на НСП: Незаконито постапување и кршење на работните права во МВР и Барање за почитување на Законот!

Почитувани,


Како Синдикат од првиот ден на доаѓање на власт на оваа Гарнитура извесен период покажавме високо ниво на толеранција и почит како професионалци кон актуелното раководство, сметајќи дека лекциите за примерно и законито однесување се научени и дека навистина ќе се почуствуваат „Позитивни промени“.

Но денес после одржаниот состанок на највисокото раководство на НСП донесовме заклучоци дека наместо промени кон Синдикатот во континуитет продолжија притисоците и ЗАКАНИТЕ за преместувања кои голем дел од нашите претставници ги осетија на свој грб како и притисоци со кои се соочуваат и нашите членови за отчленување како и притисоци врз највисоките структури на НСП, и срамна дискредитација на истите.

На почетокот сметавме дека ваквите притисоци се одговор на инсталации кои не сакаат позитивни промени во Министерството, но од денешна гледна точка се повеќе сме свесни дека целта на „НЕКОГО“ е растурање и целосно контролирање на Синдикатот во Министерството за внатрешни работи.

За ова повеќе пати апелиравме но и покрај се, сеуште се водат неосновани постапки против нашите претставници со притисоци од страна на највисоките структури према НСП кои продолжуваат!!! ПРИТИСОЦИ за отчленување на наши членови не запираат.

Замислете поради синдикални активности за цел подобрување на работните права на вработените нашите претставници се соочија со невиден МОБИНГ!!! – Отпочнаа Незаконити распоредувања со кој се целеше внесување страв преку безмилосен напад на професионалниот интегритет за што се демонстрираше Моќ и способност за конструкции и фингирање на лоши слики ставајќи им етикети на професионалците кој ќе се спротистават на незаконското работење.

На ден 04.02.2018 година НСП преку прес конференција пред медиумите јавно пријави и потенцираше за незаконско решение за прераспоредување на Синдикален претставник ПРЕТСЕДАТЕЛ на СП НСП ОБПС СВР СКОПЈЕ за што високото раководство во МВР одговори со официјален ДЕМАНТ обвинувајќи го синдикатот дека изнесува тенденциозни невистини и неточни наводи за нашиот претставник кој недвосмислено укажа на незаконитост.

Но од страна на МВР беше даден одговор – „РЕШЕНИЈА ВО МВР СЕ ИЗДАВААТ ИСКЛУЧИВО ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ И ПОДЗАКОНСКИ АКТИ!!! додавајќи невистини со цел рушење на ПРОФЕСИОНАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТОТ на Претставникот сметајќи дека со тоа е завршена работата и ќе се верува на институцијата.

Направија погрешна проценка за НСП, Срушеното достоинство и неправдата не мотивираше а уште повеќе професионалноста за да процесираме постапки пред надлежни институции и судови.

Добивме 16 страници ИЗВЕШТАЈ со број-1170/18 од 07.08.2018 година од Народен правобранител во кој нагласено се наведува вршење на дискриминација и мобинг кон Претставникот на НСП, По Претставка до внатрешна контрола- ИЗВЕСТУВАЊЕ со број/14.3.2-795/16 од 12.10.2018 година ОДГОВОР –НЕПРАВИЛНОСТИ ВО ПОСТАПКА ЗА ПРЕРАСПОРЕДУВАЊЕ,- РЕШЕНИЕ со бр-22.6-8708/1 од 01.02.2018 година Поништено како НЕЗАКОНИТО!!! по жалбена постапка од Комисија во управна постапка во втор степен.

Притисоците не престанаа напротив се зголемија , со непочитување на одлуките и веднаш како „ОДМАЗДА“ Претставникот добива ново решение на уште подеградирачко и понижувачко работно место.
Но се продолжува и понатаму од страна на МВР да изјавуваат :„РАБОТИМЕ СПОРЕД ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ И ПОДЗАКОНСКИ АКТИ“!!!

СЕГА ГОСПОДО ОД МВР СЛУШНЕТЕ ГО НАШИОТ ОДГОВОР И ДЕМАНТ ЗА ВАШЕТО НЕЗАКОНИТО ПОСТАПУВАЊЕ !!!

ПРЕСУДА СО БР -2042/18 од 10.04.2019 годиан – ОСНОВЕН СУД 2 СКОПЈЕ ГЛАСИ: СЕ ПОНИШТУВААТ РЕШЕНИЈАТА НА МВР КАКО НЕЗАКОНИТИ!!! И СЕ ЗАДОЛЖУВА МВР ПРЕТСТАВНИКОТ ДА ГО ВРАТИ НА ПРЕТХОДНОТО РАБОТНО МЕСТО ВО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА БПС СВР СКОПЈЕ ВО РОК ОД 8 ДЕН ПОД СТРАВ ЗА ПРИСИЛНО ИЗВРШУВАЊЕ!!!

ГО ПРАШУВАМЕ МИНИСТЕРСТВОТО: ЗОШТО НЕ ПОСТАПИВТЕ ПО СУДСКАТА
ПРЕСУДА!!! ЗАРЕМ ОВА ЗА ВАС Е ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО???

Зошто од Барањата на НСП ЗА РЕПРЕЗЕНТАТИВНОСТ Министерството се оградува тивко молчејќи во секое негово обраќање ???

Дали може да ни кажете врз основа на што МПС според ВАС е единствен репрезентативен Синдикат а ние НЕ!!! Доколку добиеме одговор со МОЛК нека се спреми највисокото раководство во Министерството да се соочи со КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ!!!

Од највисокиот орган во Владата односно од Премиерот Бараме по доставување на доказите за незаконско работење и постапување на актуелното раководство во МВР- МЕТЛАТА ДА ЗАИГРА И ПРАВДАТА ДА БИДЕ ЗАДОВОЛЕНА а дадениот ЗБОР ОДРЖАН!!! Одговорност во највисокото раководство во МВР мора да има!

Жално но вистинито сеуште никако да сопрат притисоците врз Независното Синдикално полициско движење во МАКЕДОНИЈА , и покрај нашата толеранција која не вроди со плод, замислете наместо да запрат притисоците и НЕЗАКОНСКИ ПРЕРАСПОРЕДУВАЊА кон ваботени и наши претставници се демонстрира уште повеќе сила – ЗОШТО ? МИНИСТРЕ, Генералалниот секретар на НСП се соочува со невиден притисок од највисоките структури како негови претпоставени !!!

Свесни за сите недоследности околу кршењето на работничките права почнувајќи од највисоките структури во Министерството, денес донесовме Заклучок – „ГЛАСОТ ДА ДОПРЕ ДО СИТЕ НАДЛЕЖНИ ИНСТИТУЦИИ ПОСЕБНО ДО ТРУДОВИОТ ИНСПЕКТОРАТ И ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО – СПРОВЕДУВАЊЕ РЕВИЗИЈА И ИСТРАГА ЗА СИТЕ ДОСЕГАШНИ ДОНЕСЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРЕРАСПОРЕДУВАЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ ВО МВР, ДОНЕСЕНИ ОД АКТУЕЛНОТО РАКОВОДСТВО!!!– ЗА ДОКАЖАНОТО НЕЗАКОНСКОТО ПОСТАПУВАЊЕ – Очекуваме ОДГОВОРНОСТ ВЕДНАШ !!!

НАШИОТ ОДОВОР ЗА СЕТА НАНЕСЕНА НЕПРАВДА И ЗЛО ГЛАСИ: -ОДЛУЧНИ СМЕ И РЕШИТЕЛНИ ВО ОДБРАНА НА РАБОТНИТЕ ПРАВА КОЈ ИМ СЕ ГАРАНТИРАНИ НА ВРАБОТЕНИТЕ!!! -Правдата ке ја бараме и истераме до КРАЈ!!! Верувајте ако не постапи МВР ке пријавиме сите надлежни институции, ќе го известиме Евроамбасадорот, Народниот правобранител, Европските и Светските Синдикати.

Само кренат глас ќе се слушне само крената глава гледа сонце!!!!

Видеото е превземено од makfax.com.mk