Прес на НСП: Нема униформи за полициските службеници

Независниот синдикат на полицијата денеска повторно се пожали дека полициските службеници немаат добиено униформи.

Претседателот на синдикатот Гоце Делчев Тодев во изјава за медиумите дадена пред Министерството за внатрешни работи рече дека полициските службеници сами се снаоѓаат и шијат или купуваат униформи од дивите пазари. Најави дека од денес полициските службеници ќе носат елеци со сооветен амблем.

НСП денес му дадоа јавна поддршка на министерот за внатрешни работи кој обелодени дека во Министерството за внатрешни работи се откриени 40 лица кои биле вработени со фалсификувани дипломи и побараа од него вработување на соодветни кадри.

– Му даваме јавна поддршка на минитерот и како Независен синдикат на полицијата бараме лица со соодветни дипломи на соодветни работни места согласно интерни огласи кои мора да бидат така покриени за да нема лица со фалсификувани дипломи, изјави Претседателот Гоце Делчев Тодев.

Ви го пренесуваме целото интервју на Претседателот на НСП

Превземено од www.24.mk