Прес на НСП 27.11.2019

Подолго време следиме и сметаме дека крајно време е да расчистиме многу работи, не дека тоа нешто многу ќе промениме но сепак сакаме како Синдикалци да испратиме ЈАВНО едно предупредување и гласно да не слушнат сите оние чесни професионалци кои во се поголем број не подржуваат!!!.

МВР години наназад никако да излезе од лавиринтот наречен НЕПРОФЕСИОНАЛИЗАМ и тоа за жал почнувајќи од највисоките структури па се Надоле.
4 години без малку господине МИНИСТЕР МВР го раководите Вие, и за жал време е да сумираме што направивте па да почнеме од најбитното за нас а тоа е темелот наречен Колективен договор!!!. Да за жал извинете ама НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР нема!!! И по наши сознанија ниту ќе ИМА иако стариот веќе две ипол години е истечен!!!.

Следно во низата професионализам без консултација на нас како РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН СИНДИКАТ кој од личен ИНАЕТ не го признавате!!! Замислете , се донесе нова СИСТЕМАТИЗАЦИЈА од која набрзо сите ќе ги боли главата се разбира најпрво Вас како Министер а потоа и нас професионалците кои Како и досега ќе не може да ги Оправиме работите кои биле рушени а права стекнати со закон неповратно да бидат ИЗГУБЕНИ!СИСТЕМАТИЗАЦИЈА без да се даде мислење од Независниот Синдикат на Полицијата како РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН СИНДИКАТ е НИШТОВНА СИСТЕМАТИЗАЦИЈА и тоа Вашите правни советници до сега требало да Ви го кажат!!!

Реновиравте или реновирате објекти кои не биле реновирани со години. Секоја чест потрошивте средства од кои боли Глава ама боли глава и од реалната Слика!!!. Затоа еве од тука да ги поканиме и медиумите па да снимаат како тоа се распаѓаат неполна година подоцна реновираните проекти за кои потоа ке прашуваме кој го одобрил техничкиот ПРИЕМ. Ајде господин Министер дозволете да покажеме неколку такви објекти за да ги снимат и со тоа лично и на Вас ќе ви ја покажат сликата од која само ќе стане појасно што се работи и колку се сработило а потоа истражувачкото новинарство може ќе открие и кој колку се офајдил за тоа!

Униформите па униформите да не биде Ве напаѓаме многу еве ќе кажеме дадовте униформи ама какви или ајде да кажеме уште еднаш на 1200 колеги им дадовте јакнички од 300 грама и тоа летни, нараквици, две капи и по еден пар панталони и кошули скоро на сите колеги, втора зима по ред нема зимски јакни за околу 1200 млади колеги, нема униформи за новите приправници, но ременот да не го заборавиме и тој е дел од опремата кога ни го ветивте па ве прашавме што ќе ние ремен ако немаме панталони сега велиме ремен за јавност имаме ама на панталоните го немаме!

Господине Министер Веќе две години наназад Ви укажуваме и Бараме да превземете сериозни мерки кон Раководители и повисоки Функционери во МВР,кои манифестираат самоволие и создаваат безредие Ве запознававме за секакви ситуации за да се престане со МОБИНГ над Вработените НО континуирано недолично и непрофесионално однесување на подобни за вас Раководни структури продолжија да ве потсетиме и покрај случајот со рушење на Достоинството на нашата колешка жена Полициски Службеник вработена во СВР Велес која се соочуваше со понижувања ,малтретирања и наведуваа, трпејки недозволиво и неприфатливо психолошко сексуално вознемирување од непосреден раководител на кој некој му се најде да му помогне за да се Замижи….и да помине несанкционирано за да може денес повторно на најбрутален начин на ден пред денот кога се прославува денот за Заштита на жената од Насилство…. Да слушнеме прилози преку медиуми кој пренесуваат стравови и очајни Барања за помош и заштита која им е потребна на околу засега 6 полициски Службенички кој се пожалиле и се жалат повторно за МОБИНГ и сексуално малтретирање во службата од тоа повторно од страна на претпоставен Раководител!!!

Па сега се прашуваме дали доколку се решеше случајот во СВР Велес онака според правилата и прописите, дали денес ке го слушневме ова што повторно се случува!!! А непрофесионално настроените вакви ПРЕДАТОРИ дали ќе се уплашеа за да не помислуваат ниту пак да земаат сила поради несанкционирање на овој вид ” ПАРТИ БОЈ” ликови кој само се охрабрија за кој сега прашуваме КОЈ треба да ја сноси одговорноста ?

Господине Министер Зошто од функцијата не сакате да се спроведе правото стекнато по сила на закон и зошто ви е ПРИОРИТЕТ да правите незаконски смени, незаконски прераспоредувања, секојдневни закани, уцени, злоупотреби на правилникот за социјални мрежи кој најмногу го критикувавте и кој ви стана најсилна алатка за справување со неистомислениците и професионалците!

Ја Казнувате секоја мисла која не се согласува со Вашиот непрофесионализам, правите притисок врз критиката, напаѓате безкрупулозно со сите расположливи ресурси и капацитети но за жал на тој начин Генерално ја оплескавте!! Сметавме дека ќе се борите против лошиот колективен, ударите на професионализмот, и сите малициозни работи штетни против вистинските професионалци, НО не Разочаравте!!!

За на крај, искористете го Вашето влијание а ние знаеме дека го имате во Владата и Собранието и донесете решение со кое ПЛАТИТЕ на вработените во МВР ќе им бидат поголеми со платите од месец Јануари 2020 година. Направете барем една работа по која ќе бидете позитивно запаметени во МВР.