Прес НСП 25.12.2019 година

Господине Министер,

Овие неколку години од Вашето владеење во Министерството за внатрешни работи, пред јавноста на социјалните мрежи постојано се фалите дека во МВР „Владее правото“, дека се работи по закон, дека се во МВР функционира како што треба итн, . Но за жал јавно мораме да Ве демантираме поради Вашите фалби и тоа со вистинската состојба, а таа е дека владеењето на правото го спречувате и не се спроведува во МВР!!!

Македонската јавност веќе слушна како побрза Министерот за внатрешни работи деновиве да донесе и спроведе нова СИСТЕМАТИЗАЦИЈА со толку многу раководители кои сега им го зголемувате бројот но поради неиформираност Ве прашуваме ЗОШТО Господине Министер ако ви е целта поголеми притисоци нема ништо да се промени и вака веќе ни се спроведува МОБИНГ, РУШЕЊЕ НА ДОСТОИНСТВОТО , ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС, па нашето мислење е дека не ви се потребни во зголемен број!

Со Брзи и експресно објавени интерни огласи во само 48 часа времетраеење за пријавување- вака само можеме да кажеме дека успеваат подобните над НЕПОДОБНИТЕ!!!

Сакаме да ја запознаеме Македонска јавност дека за оваа СИСТЕМАТИЗАЦИЈА без да се даде мислење од Независниот Синдикат на Полицијата како РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН СИНДИКАТ е НИШТОВНА СИСТЕМАТИЗАЦИЈА и тоа на Министерот многу добро му е јасно!!!. Ова значи дека согласно одредбите од член 269 од Колективниот договор на МВР: „(1) Министерството е должно да обезбеди редовно и навремено информирање на Синдикатот и на работниците за: – покрената постапка за изменување и дополнување на актите за организација и работа и систематизација на работните места во Министерството; Неинформирањето на Независниот Синдикат на Полицијата како Репрезентативен Синдикат за донесување на нова систематизација ја прави истата НИШТОВНА!

На овој начин ли владее правото во МВР Господине Министер?

Да Ве потсетиме нешто и за униформите па да не биде дека Ве напаѓаме и бараме премногу па ќе споменеме и Јавно кажеме дека деновиве делите низ колегите летни кошули и летни панталони и тоа во овие ладни и зимски денови, за кој сигурно вие лично сте задоволни и повторно нема да не изненади ако се пофалите и редовно си ја повторите пред медиумите паролата дека имате „Задоволна полиција“, но Дали е задоволна или не прашајте ги вработените а не само Вашите советници!

2000 полициски службеници трета година по ред си ги носат оние јакнички од 300 грама и тоа летни, и сеуште ги чекаат зимските униформи а на чекање се и новите Приправници со надеж барем да добијат по некоја летна кошула. За секоја мисла која не се согласува со Вашиот непрофесионализам, правите притисок врз критиката, напаѓате безкрупулозно особено кон Синдикалните претставници на НСП, ја употребувате позицијата за пресметки со се што Ви е на располагање но со тој начин генерално ја оплескавте!

МИНИСТРЕ, Генералниот секретар на НСП, кој претходно како што бевте известени писмено неколку пати се соочуваше со невиден притисок од највисоките структури но Вие си молчевте и не преземавте ништо да ги заштитите работните права на вработените ниту пак се заложивте за „Владеење на Правото“ туку напротив се погриживте спротивно на сите правила и прописи во МВР, Генералниот Секретар да е разрешен од позицијата Командир на ПС ОН ВЕЛЕС иако освен синдикалното делување кое многу Ви пречи, не би сакале да помислиме дека е разрешен поради професионално законито и непристрасно работење па и овој пат не ни е јасно дали решивте да го казните поради непослушност и недоволна лојалност кон вас или пак зошто не постапувал според ваши инструкции. Бараме пред јавноста да ни одговорите поради кои причини и во која постапка истиот е разрешен од Раководната позиција Командир на ПС ОН Велес? Дали може да ни потврдите дека разрешувањето и распоредувањето спротивно на одредбите од Колективниот договор во МВР во ваш стил ке убедувате дека е постапувано според законските прописи и подзаконски Акти!!!

За Постапување односно Незаконито постапување и особено поради МОБИНГОТ, понижувањата и силните притисоци кон професионалците и овој пат на Македонската јавност должни сме да и прикажеме што значи „Невладеење на правото“! Со писмени одговори и констатирани состојби според ОВККИПС и Народниот Правобранител, имаме документирано докажано незаконско разрешување и распоредување а за кои постапки Господине Министер Оливер Спасовски докажуваме дека повторно како и претходно ја Лажевте Јавноста и сите вработени!