
Денес во Кочани се оддржа најавениот ПРОТЕСТ ЗА ПОЛИЦИСКА ПРАВДА , по повод суспензијата на 4 колеги на кои им се става на товар кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластувања” поради тоа што преземајќи мерки по прекршок за брзина поголема од дозволенота, не забележуваат дека возилото не е регистрирано и покрај глобата за брзина не сочинуваат и прекршочен платен налог за не регистрирано возило.