Протест на Независниот полициски синдикат, се бара промена на колективниот договор

 

Полицајците од граничните полициски станици Стрезимир, Маздрача, Танушевци и Гошинце на протест пред Министерството за внатрешни работи. Претседателот на независниот полициски синдикат Гоце Делчев Тодев потенцира дека навршува една година од како што го нарече  најкатастрофалниот колективен договор  кој е потпишан во МВР.

„Ни ги забетонираа и онака лошите права во РМ посебно во рамките на МВР. Сето тоа што беше во 4 полициски станици се најдоа личности во рамките на МВР, Виолета Влаховиќ, вечен началник, односно помошник министер, изготвила нешто со кое најверојатно ќе треба да се бркаме по судови. На сегашниот актуелен министер  му подметнаа документ под име одлука со кој срамот го проширија на уште поголем број полициски станици за обезбедување на државната граница каде вработените четири дена се работно ангажирани а нешто повеќе од два дена се слободни.“, изјави Гоце Делчев Тодев.

Вработените во граничните полициски станици упатија апел до министерот Спасовски за итно разрешување на проблемитe. Бараат  промена на колективниот договор а се пожалија и на лошите услови на работа.

„Со усна наредба, до сега работиме 4 дена на работа 4 дена одмор. Од први април почнавме со усна наредба три дена на работа три дена слободни. Спротивно на законските прописи. 08.10 Од 24 часа непрекинат престој на полициските службеници само 12 часа се води во службената документација а останатите 12 часа како да не се на работа. Условите за работа и престој во овие две наши полициски станици се под секаков минимум.“, изјави Слободан Стоилковски.

Донесувањето на Одлуката  за проширување на објектите е вообичаено формално-правно постапувањење на министерството во услови на утврдена потреба за заштита на безбедноста на Република Македонија се вели во соопштението од министерството за внатрешни работи.

Оваа одлука е во согласност со одредбите од Колективниот договор на МВР, потпишан од претходниот министер, кој се уште е на сила и покрај незадоволството од дел од вработените, пишува во соопштението.

Во него е наведено дека Министерот Спасовски е подготвен да им излезе во пресрет на барањата на вработените, меѓутоа како што е посочено овие активности заради настаната состојба на вештачко произведување хаос во МВР од страна на Владата на РМ се стопирани. Доколку не наидат на прием, вработените во граничните полициски станици најавија радикализација на протестите.