Независните синдикати на полицијата и на армијата најавија предупредувачки протест на кој ќе побараат усогласување на платите во однос на новиот закон за минимална плата.

Како што информира претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев, на доставените барањата до премиерот, до вицепремиерот за економски прашања, министерот за финансии и министерот за внатрешни работи, се уште не добиле одговор.

-Ќе биде предупредувачки протест бидејќи се уште очекуваме импулс и сигнал од наведените институции за кои веќе потенциравме дека очекуваме да бидеме примени. Очекуваме дека оваа 2022 година после покачувањето на минималната плата од 15.174 денари на 18.000 денари, конечно Министерството за внатрешни работи ќе сфати дека усогласувањето на платата како што е предвидено од постоечките законски регулативи ќе го смета за вработените и со секое покачување на минималната плата ќе има и порамнување на платите. Не бараме ништо повеќе, бараме само почитување на законите кои се однесуваат за платите на вработените во полицијата, изјави Делчев.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата додаде дека поради малите плати државата останува без професионалци, односно полициски службеници кои се повеќе ја напуштаат професијата.

-Без луѓе што си ја знаат и си ја разбираат професијата, безбедноста ќе биде нарушена, не само мојата, туку на сите граѓани во оваа држава. Ова што независниот синдикат го бара во сабота е повеќе од сериозна работа, ова мора крајно сериозно да го сфатат и министерот за внатрешни работи и премиерот, и ова да го расчистиме, порача Делчев.

Претстедателот на Независниот синдикат на професионални војници, Аднан Алити најави дека доколку по предупредувачкиот протес нема рекација од институциите, војниците ќе наместат шатори пред Влада.

-Поради игнорантскиот однос, дел од припадниците на армијата не беа префрлени во други сродни институции. Скоро две години некои лица се во подрачните единици во Министерството за одбрана. Во сабота независниот синдикат на војници заедно со независниот синдикат на полицијата ќе организира предупредувачки протест пред Владата, но доколку нема слух следниот протест ќе биде со шатори пред влада и таму ќе останеме додека не се реши проблемот со статусот на професионалните војници, и нерешавање на дел од подрачните единици каде иамаме под минималната плата, изјави Алити.

Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Марјан Ристески, пак, испрати апел до надлежните протестот да го сфатат сериозно, тој оцени дека од големо значење е парламентарците да го решат проблемот со блокираните закони.

-Апелирам ова да се сфати најсеризно бидејќи, како што кажаа колегите ќе следи масовен протест. Ова очекување за зголемена минимална плата се крена на едно високо ниво и сите се во исчекување затоа треба да се започнат разговори помеѓу инсистуциите, не може да се чека, парламнтарците да се врзаумат да го работата тоа за што се иозбрани. Затоа што сведоци сме дека кога се прашања од кои се засегнати остануваат до полноќ за да ги решат. Има блокирани закони кои се од голем интерес за граѓаните, како законот за образование, за професионалните војници за кои гарантирам дека доколку беше донесен законот за армијата повеќе од половина од професионалните војници кои сега се оставени на милост и немилост, ќе си земеа опремнина и луѓето ќе си бараа правец како понатаму со својот живот, заклучи Ристески.

Протестот е закажан за во сабота, ќе започне пред МРТ во 11 часот, од каде учесниците ќе се упатат пред Влада.

Превземено од https://www.slobodenpecat.mk/