Работен состанок на НСП – ЕБР со советникот на Министерот Стојанче Ангелов

Денес претседателот на НСП – ЕБР Владимир Аврамовски заедно со неколкучлена делегација оствари работна средба со советникот на Министерот, Генералот Стојанче Ангелов.

На средбата беше разговарано за проблемите со кои се соочуваат припадниците на Одделот за специјални полициски операции.

Како човек со големо искуство во тој поглед и како поранешен командант на ЕСЗ Тигар, се заложи дека ќе помогне и се ќе стори за овие припадници од наведените единици да ги уживаат правата кои им следуваат согласно закон како и подобрување на условите за работа.