Работен состанок со Претседателите на Синдикалните Комисии при НСП

Ве известуваме дека на 10ти и 11ти февруари во хотел Полин – Дојран е одржан работен состанок со Претседателите на Синдикалните Комисии при НСП и НЗПА, Претседателот на НСП Гоце Делчев Тодев и Генералниот Секретар Орце Коцевски.

 

За време на состанокот беа претставени целите и задачите на оформените комисии, правилниците за работа на истите, исто така беа разгледувани досегашните активности на комисиите и идните планови за работа.

 

На одржаниот работен состанок беа отворени повеќе прашања во врска со тековните проблеми со кои се соочуваат вработените во МВР и донесени се повеќе заклучоци.

 

ВРАЌАЊЕ НА ДОСТОИНСТВОТО НА ПОЛИЦИЈАТА