Работна средба со Министерот за Внатрешни Работи Оливер Спасовски

Денес претседателот на НСП Гоце Делчев Тодев, генералниот секретар на НСП Орце Коцевски и претседателот на КСОМ Марјан Ристески во просториите на МВР на РМ одржаа работна средба со Министерот за Внатрешни Работи Оливер Спасовски.

На работниот состанок се отворија повеќе прашања што во досегашното работење беа енигма во Полицијата.

На средбата меѓу другото добивме уверување дека постапката за набавка на нови униформи е во завршна фаза и полициските службеници набрзо ќе добијат нови униформи.

Стана збор и за понатамошно решавање на поголем број на прашања и се наиде на позитивно нивно решавање.

Стана збор и за решавање на прашањето за “бонус плата” каде од страна на Министерот добивме уверување дека заедно со неговиот правен тим за многу брзо време ќе биде решено тоа прашање и колегите ќе го добијат додатокот кој им следува согласно Колективниот договор на МВР.

 

Одиме напред!