Легитимитетот за давање на оваа изјава го црпиме од тоа што полицискиот службеник кој е обвинет за убиство во обид е член на Независниот синдикат на полицијата и денес на ден 14.08.2017 како претседател на Независниот Синдикат сакам да ја известам јавноста за кривично правниот настан случен на ден 11.08.2017 година на подрачјето на СВР Струмица, бидејќи по овој кривично правен настан од страна на одредени медиуми беа пласирани невистини и не беше почитувана пресумцијта на невиност на учесниците во овој настан со цел полициските службеници кој извршувајќи ги своите работни задачи да бидат прикажани со непрофесионален однос и предвреме да бидат обвинети пред да биде завршена истражната постапка.

Независниот синдикат на полицијата бара од сите лица вклучени во постапката детално да биде разгледан кривично правниот настан случен на ден 11.08.2017 година и да бидат правилно и законито толкувани интерните акти на МВР, Законот за полиција, Законот за внатрешни работи како и Законот за кривична постапка на Р.М се со цел полициските службеници учесници во кривично правниот настан случен на ден 11.08.2017 година на подрачјето на СВР Струмица да не бидат предвремено осудени односно на сите учесници да биде почитувана пресумцијата на невиност.

Спрема лицата кои го имаат предизвикано овој кривично правен настан да бидат поднесени кривични пријава за Спречување на службено лице во вршење на службени дејствија согласно чл.382 од КЗ како и Напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста согласно член 383 од КЗ, како и Загрозување на безбедноста во сообраќајот согласно член 297 од КЗ.

Погледнете го целиот прес превземен од телевизија 24vesti.