Реакција на НСП – Над 220 вработени во МВР немаат платено здравствено осигурување

Јавно упатено барање до Министерот за Внатрешни работи, ЗОШТО ЗА ПОГОЛЕМ БРОЈ ВРАБОТЕНИ во МВР на РМ , МВР немаат извршено уплаќање за Здравствено осигурување, за многу од нив имаме податок за неизвршена уплата од Декември 2013 год.
– Каде завршува паричната сума на планираните задолжителни средства за Здравствено осигурување на вработените во полицијата?
-Јавно бараме од надлежните во МВР, одговор за вистинскиот виновник и причинител за овој СКАНДАЛ?
-Кој и на каков начин ќе ги обештети и плати сумите на пари кои вработените во полицијата во изминатиот период плаќале полн износ за секаков вид на здравствен преглед при посета на здравствените домови ширум Републиката?

НСП, бара официјално појаснувања за ваквата состојба околу ова прашање, и воедно бараме, точно посочување до сите ОЕ, како и на кои начин вработените во полицијата да постапуваат по извршени здрвствени услуги , а да неплакаат полн износ?

Исто така во целост го демантираме демантот на МВР на официјалната нивна веб страна за што имаме бројни сведоштва и материјални докази кои ја потврдуваат првичната изјава на Претседателот на НСП со што здравствените проблеми и потреби на голем број колеги и нивните семејства се оставени на цедило поради што нивнито трпение и толеранција нагло згаснува а нивниот револт расте.

Ваквите случаеви се ширум целата република.