На 09.06.2018 година, на рекреативнте терени на дорјанското шеталиште и градска плажа, во еден прекрасен предсезонски амбиент, се случија регионалните синдикални игри на НСП. Се играа дисциплините: фудбал, кошарка, одбојка, пикадо, влечење јаже, спортски риболов и онаа најважната за секој еден синдикат – ДРУЖЕЊЕ.

Ако во првите шест дисциплини учествуваа екипи и поединци, во последните две (дружење и трето полувреме) учество зедоа апсолутно сите седумдесетина учесници заедно сосе судии, комисии и организатори.

Целта на овој настан е исполнета 1000 % и во доцните попладневни часови сите си заминаа од Дојран задоволни и со „наполнети батерии“ за нови синдикални победи.

Голема бладогарност на домаќинот – СВР Струмица и претставникот на ова СВР – Ацо Балтовски за добрата организација, локалната самоуправа Стар Дојран и секако на лидерот на НСП Гоце Делчев Тодев.