Синдикален марш на НСП, дојди и избори се за ПОДОБРИ ПРАВА!

На ден 29.10.2018 година (Понеделник) од 09.30 часот до 12.30 часот Независниот Синдикат на Полицијата ќе реализира СИНДИКАЛЕН МАРШ.

Релација на движење: Маршот започнува пред МРТВ (Македонска радио телевизија), поаѓање од 10.00 часот преку мостот на ТЦ „Мавровка“, мост „Гоце Делчев“, Влада на РМ (15 минути застанување и изразување на револт), семафор на Булеварот „Св.Климент Охридски“, движење до семафорот на „Водњанска“ со ул.„Јордан Мијалков“. Во 11.45 часот паркирање на возилата на улицата „Јордан Мијалков“ по што пеш се упатуваме кон главната капија на МВР на РМ. Во 12.00 прес пред МВР на РМ.

Целта на организирањето на синдикалниот марш со возила е игнорантскиот однос на МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ НА ЧЕЛО СО МИНИСТЕРОТ во врска со неспроведувањето на одредбите од Законот за работни односи и Колективниот договор на МВР на РМ во однос на РЕПРЕЗЕНТАТИВНОСТ НА СИНДИКАТ кој по сила на ЗАКОН ИМА 20% и повеќе членство на вработените.

Во таа насока СЕ ИЗВЕСТУВААТ сите членови на НСП, сите вработени во МВР на РМ и сите симпатизери на НСП да датат масовна подршка во ПОРАКАТА КОЈА ПРЕД МВР НА РМ ќе му биде испратена на Министерот за внатрешни работи.

„ДОСТОИНСТВОТО ВО ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ СЕ ВРАТИ“

„Само кренат глас ќе се слушне, само крената глава гледа сонце!„

Ајде заеднички да се избориме за тоа!