Во интерес на меѓународната соработка при синдикалното делување како и заедничката поддршка и цели, денес во Врњачка Бања, Р. Србија е склучен Меѓународен протокол за соработка на ГС УПОИП НЕЗАВИСНОСТ преставуван од претседателот Драган Чабриќ и Гранскиот Независен Синдикат на Полицијата претставуван од помошник генералниот секретар Мартин Ефремов.

Со овој протокол двете страни се согласуваат да ги здружат своите капацитети за постигнување на трајни и континуирани билатерални соработки, како и развој на соработката во заеднички европски мрежи и партнери.

Двата грански синдикати во иднина ќе посветат внимание на заедничка соработка во заедничките области како што се

  1. Прашањето на квалитетот и капацитетот на институциите и социјалниот дијалог;
  2. Прашањето за модернизација на законодавството по примерот на најразвиените европски држави;
  3. Прашањата поврзани со унапредување и модернизација на синдикатите;
  4. Прашањето поврзано со медиумската слобода;
  5. Работа во заеднички проекти поврзани со подобрување на условите за работа и условите за заштита при работа;
  6. Заеднички информативно – едукативни кампањи и апликации на меѓународни проекти;
  7. Размена на стекнати искуства како и организација на студиски и факултативни посети на членовите и претставниците од овие две организации.

Во интерес на подетална разработка на протоколот, двете страни покажаа и спремност на годишно ниво да ги разработат своите приоритети и да ги конкретизираат своите активности преку потпишување на редовни годишни договори