Соопшение за членовите на НСП и сите вработени во МВР на РМ.
На ден 30.04.2017 година изминува важноста на постоечкиот Колективен договор на МВР на РМ (сл.весник на РМ број 69 од 2015 година), во кој во член 334 став 2 е предвидено, цитираме, „Важноста на овој колективен договор може да се продолжи со писмена согласност на страните – потписници на договорот, што се склучува најдоцна 30 дена пред истекот на важноста на колективниот договор“ а во став 3 од истиот член „По истекот на рокот од ставот 1 на овој член, одредбите на колективниот договор се применуваат до склучувањето на нов колективен договор“.

Имајќи го во предвид наведеното Ве известуваме дека Независниот Синдикат на Полицијата до Министерот за Внатрешни работи и репрезентативниот синдикат МПС на ден 06.03.2017 година  достави предлози за измена и дополнување на постоечкиот или донесување на нов Колективен договор на МВР, со што би се подобриле правата на вработените во МВР.