Од снимките и фотографиите пресудите сами драги колеги дали Вие а и сите ние заслужуваме подобро. Ќе застанеме тогаш кога носењето на униформата ќе биде гордост за сите нас! Подобри услови за ПОЛИЦИЈАТА!

 

На прв поглед сè изгледа нормално…Но, од задната страна на Собранието, полициските сили остануваат стационирани, како превентивна мерка од нападите кои се случија на 27 април врз пратениците. Елитните полициски сили и тие за брза интервенција, се сместени под сенка, додека пак некои нивни колеги нивниот оброк го јадат на улица.

Автобусите и другите транспортни средства се единственото место за одмор  и за спиење.

Пред камерата никој не сакаше да зборува поради тоа што немаат право, но кога нема камера тие го изразуваат гневот за ситуацијата во која што се наоѓаат изминативе четири дена.

Со гнев и сожалување, претседателот на синдикатот на полицијата, Гоце Делчев Тодев за ТВ21 вели дека има многу проблеми со кои се соочуваат неговите колеги.

Тодев вели дека полицијата овде стои по цел ден, од утро до вечер, но сепак им се признаваат само 8 работни часа.

Полицајците кои патуваат, времето кое го поминуваат на пат не им се смета како работно време, додека пак тие кои остануваат во Скопје, треба да се сместат во полициските касарни.

Неколку полицајци до ТВ21 испратија фотографии од касарната во Ѓорче Петров во која што се сместени уште од четвртокот.

За проблемите и жалбите на полицајците кои го чуваат Собранието, од МВР никој не зборува ништо.

Контактирани три дена, ниту еден од портпаролите на полицијата не одговорија на телефонските повици на ТВ21 за да го објаснат начинот на кој се поставени десетици полицајци кои го одржуваат редот.

 

 

ПРЕВЗЕМЕНО од tv21.tv/Бесиан Лека