Независниот Синдикат на Полицијата – Гранична Полиција и Независниот Синдикат на Судската Полиција излезе на протест пред Собранието и Министерството за Правда.

Наши претставници се сретнаа со Министерот на Правда Г-нот Бојан Маричиќ со кого се договорени измени во Законот за Судска служба и во работните групи да бидат вклучени преставници на НССП. Бараме почитување на правосилните пресуди, регулирање на бенифициран стаж и начинот на пензионирање и точно прецизирање на додатоците за плата како и регулирање на додатоците на плата за висок ризик и доверливост.

Од страна на претставниците на Гранична Полиција со Министерот за Правда е договорено претставката до Претседателот на Апелациниот суд Скопје за невоедначеност на судските пресуди за исти предмете а во врска со тужбените барања на вработените во Полициските станици за Граничен надзор прогласени за Издвоени објекти во МВР, Претставката ќе биде препратена до Претседалот на Апелациониот суд Скопје и ќе се бара писмен одговор и истата ќе се испита од страна на Министерството за правда согласно членовите 82 и 83 од Законот за судови и за истото ќе добиеме писмено известување.

Договоривме во Понеделник нашите барања да бидат ставени како тема на дискусија на средбата на преставници на Влада и од ресорното Министерство со преставници на НСП, на која според најавите треба да се усогласат ставовите околу Правилникот за подзаконскиот акт за зголемување на платата до 20% поради обемот и сложеност во работата.

Доколку не се прифат нашите барања и не биде закажана договорената средба НСП повтороно ќе организира ПРОТЕСТ.