СООПШТЕНИЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ:

Здраво на сите членови на Независниот Синдикат на Полицијата. Здраво на сите вработени во МВР, во затворската, шумската и судската полиција. Здраво на оние во АНБ и Агенцијата за разузнавање. Како претседател на синдикалниот бренд на безбедносните организациони единици во Македонија, денес на денот на трудот имам обврска да Ви се обратам најнапред честитајки Ви го денот на трудот Први Мај како ден на работниците, но токму денес морам сите Вас да Ве запознаам како двајца, тројца веќе поранешни членови кои недобија доверна на петото вонредно собрание на НСП, денес крајно безобразно и бесправно страниците кои беа под брендот на Независниот Синдикат на Полицијата ги преименуваа во некое непознато и нелегално лого. Сите Вие кои ја видовте оваа сајбер кражба, а и оние кои од овој момент ќе го препознаете сето ова што Ви го соопштувам, уште еднаш и за крај со оваа објава Ви пренесувам. Досегашниот администратор на се што имаше НСП го имаше по социјалните мрежи избркан е и отчленет од НСП и како револт се обидува да биде интересен. НСП е бренд кои во иднина никој неможе да му наштети. Независниот Синдикат на Полицијата е синдикат од национален карактер и неговото функционирање продолжува понатаму со уште посилна и почиста структура и делување.

Со почит,
Гоце Делчев Тодев