Додека некој денес си доделуваше плакети и благодарници ние во касарната Ѓорче Петров оддржавме состанок со припадницици на Единицата за брзо распоредување.
Имено, Единицата за брзо распоредување во последните неколку месеци ја напуштиле 10тина припадници, а уште 50тина се на чекор до истиот начин на трајно решавање на проблемите…
 
Во координација на НСП во тек се подговотвки за постројување на припадници на Единицата маскирани со фантомки на платото пред Владата од каде што лично ќе му биде пренесено на Премиерот и Владата во каква состојба се наоѓа Министерството за внатрешни работи.
 
Уште еднаш апелираме и го повикуваме Министерот, веднаш штом ќе заврши со отварањето на ,,спортските игри” и ќе ги додели медалите да се упати во касарната Ѓорче Петров и да се зафати со конкретни активности за ,,санирање” на состојбата во која се наоѓа Министерството.