Обраќање на Генералниот секретар на НСП Орце Коцевски по повод престојниот јавен собир – ПРОТЕСТ

Почитувани колеги, членови, граѓани на Македонија, По повод престојниот ПРОТЕСТ организиран од НСП реагирам и прашувам до кога ќе се омаловажува Македонскиот полицаец, до кога ќе трпи неправди, до кога ќе оди парталосан со нарушен углед и достоинство, до кога ќе се злоупотребува полицискиот службеник за ситни политички поени. Господо политичари на власт и опозиција ќе Ве запрашам едно: “Зарем не вие доста на грбот на оние кои секојдневно се мачат да го протуркаат месецот да собирате ситни поенчиња.

Неодамна Вашите кампањи беа опседнати со тоа каков живот ќе сме имале и дека е дојден денот кога криминалците ќе се соочат со правдата, денот кога вистинскиот синдикализам ќе биде императив а овој другиот отфрлен на маргините но што се случи и што гледаме денес е повеќе од јасно. ЧЕСНИ И ГЛАСНИ КАКО ПРЕТХОДНО ТАКА И ДЕНЕС НЕ ПОМИСЛУВАЈЌИ ДА СЕДНЕМЕ ВО “Нечиј” СКУТ се соочуваме со невидени притисоци, не се бираат средства на кој начин ќе бидеме нападнати и се со една цел да бидеме скршени а Вие да можете “орото” да го водите како вам ви одговара а не како што законот налага. Законски оствареното право го злоупотребивте, законски загарантираната РЕПРЕЗЕНТАТИВНОСТ не сакате да ја признаете иако согласно Законот Ваша должност е да не вклучите во сите работни групи и да ни ги израмните правата како и на оние другите кои до вчера ви беа непријатели или како милуваа да кажат некои од Вас “алатка на минатата власт” за остварување на сите неправди кои за жал денес ви се најискрени пријатели. Три години сте на власт платата ако се земе во предвид инфлацијата која согласно економските политики никогаш не сопира и постојано расте не само што не е зголемена за дел од полициските службеници, не само што ништо нема да ја зголемите со тие 5% кои “наводно” ќе ги исплатите со Септемвриската плата туку е и под сите Ваши нормативи за ПОДОБАР ЖИВОТ. ДА МУ ПОЈАСНАМ НА МАКЕДОНСКИОТ ГРАЃАНИН ДА ЗНАЕ А НЕ ДА БИДЕ МАНИПУЛИРАН КРАТКО И ЈАСНО:

“Обичен полициски службеник ПОЗОРНИКАР има плата во износ од 22000 илјади со еден куп додатоци од кои најклучниот 30% додаток на плата за овластувањата кои ги има или 22000 – 30%= 15400 денари е сега ако од таа плата го извадите додатокот за храна и превоз кој изнесува околу 3000 денари кој за жал законски не се исплатува во точниот износ туку паушално тоа така негде сте пресметале та вие та претходната власт исто доаѓаме до плата од 12400 денари или кратко и јасно МИНИМАЛНА ПЛАТА на ниво на Државата”.

Ако не вие нешто јасно демантирајте ме слободно. Ние сме обични” смртници” не академици, ние сме спремни и животот да го дадеме на браникот на државата кога било и кога ќе биде потребно ама до толку потценување и непочитување навистина повеќе не се трпи. Немаме против ниту една професија да бидеме јасни секоја своја тежина но Вашето потценување на оваа професија е разочарувачка, се додека не разберете дека ние се бориме да си го подобриме квалитетот на животот на сите вработени во Полицијата, Шумската, Затворската и Судската полиција и како Синдикат не сме на Македонската синдикална сцена само да шириме демагогија која вие редовно ја продавате туку сме тука вчера, денес и утре да се бориме за ДОСТОИНСТВОТО.

Многумина ќе речат “ама вие сте се нафатиле сега играјте го орото”, не Јас ќе ви кажам сетете се кој е на првата линија на огнот, кој ве чува кога овие другите решаваат да нападнат најостро на вас зарем не вреди да не цените затоа што животите ги жртвуваме и за вас и за нив оти тоа ние работа а семејството го ставаме во втор ред и знаете зошто го правиме тоа така: “ЗА ПОДОБРО УТРЕ ЗА ЕВРОПСКА Македонија” .

За крај драги колеги и членови пред да Ве повикам бестрашно да не подржите во обидот да си ги оствариме правата преку првиот организиран ПРОТЕСТ на Полицијата, Шумската, Затворската и Судската полиција едно ќе Ви порачам власта е минлива категорија, Македонија и заштитата на нашите семејства и нашиот народ се императив бидејќи ние сме народот и треба да работиме за народот. Вам господо политичари кои не заборавате и воопшто не покажувате почит ќе Ве замолам облечете чизми само еден месец, дојдете со нас во Танушевци, Богородица, Стрезимир, Стење на улица во било која полициска станица од општа надлежност нека Ви се испотат рамениците, одете со летни јакни во зимски услови помеѓу народот и спроведувајте правда, потчинети и со нарушен углед и тогаш одлучете каков ребаланс или буџет ќе понудите на маса.

До тогаш Јас велам ДОСТА Е и ќе повикам масовно колеги, другари, браќа, членови, граѓани кажете НЕ и стиснете заби оти денот кој ние рековме дека ќе дојде е пред нас а ние единствено нешто што сакаме е да си ја работиме нашата работа но не како што вие сте замислиле контролирано и под притисок туку ЕВРОПСКИ и ПРОФЕСИОНАЛНО .

Вам господо ќе ви го порачам следното тргнете ги рацете од полицијата и нашите маки, стегнете го ременот и работете ја вашата работа, овозможете тоа што ветивте ЖИВОТ за секој еден граѓанин ама не живот за преживување оти ние не сме играчи во играта ПРЕЖИВЕАН ние сме достоинствени државјани на Македонија. Доста мислите само на вашиот џеб време е народот да ја осети таа благосостојба.

“Само кренат глас ќе се слушне само крената глава гледа сонце”