⏰ Будно следејќи ја состобата во која се наоѓаме, во моменти кога државата и министерството немаат слух дека нашите џепови одамна се празни, а полициските службеници со последните поскапувања се на раб на сиромаштија носиме одлука за радикализирање на барањата на НСП преку подигнување на шатори пред Владата!
 
‼️ На 19.03.2022 ве повикуваме сите заедно пред Владата да го покажеме нашиот револт кон игнорирањето на власта кон нас и заедно да ги подигнеме шаторите кои ќе останат таму се до прифаќањето на нашите барања за достоинствена плата за полицаецот.
 
⁉️ Време е секој од нас барем минимално да допринесе со своето присуство затоа што во правецот кои се движиме доаѓа време кога нема да имаме што да принесеме на трпезата на нашите деца.