Следејќи ја потребата од обединување на синдикатите и заеднички настап по повод 1ви Мај, денес Претседателот на НСП, Мартин Ефремов оствари средба со Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и Секретарот Златко Цветковски.
✊️ Здружени под мотото ,,НИЕ РАБОТНИЦИТЕ” овојпат заедно ќе побараме достоинствена плата од пред Собранието и Владата.
Ги повикуваме сите колеги, сите Синдикати, сите работнички здруженија, да застанат рамо до рамо со нас затоа што не е време за поделби и молк. Време е да си го побараме тоа што ни следува и сме го заслужиле!